25 Април, 2024
0.0292

Заев: Црна Гора е лидер во евроинтеграциите, затоа има најголема просечна плата во регионот

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во обраќање на Конгресот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) во Подгорица, сестринска партија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече дека Црна Гора е лидер во регионот кога станува збор за евроинтеграциите и затоа има најголема просечна плата во Западен Балкан.

-Република Северна Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Џукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП, рече Заев во своето обраќање.

Порача дека левичарските политики се политики на прогрес и просперитет на регионот и на цела Европа и дека тие треба да го заменат популизмот и национализмот на Балканот.

-Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина. Левичарските политики ќе бидат иднината на регионот и на Европа, оцени премиерот Заев и додаде дека борбата за социјалдемократските вредности продолжува, односно за како што рече тој - поголема социјална помош, поголеми пензии, плати, минимална плата, подобар достоинствен живот за граѓаните.

-Ќе повикам на нова преокупација во регионот што ја застапуваме и верувам ја поддржувате, да имаме 50 – 50 жени во политиката и на парламентарните избори и да дадеме шанси на младите луѓе, најави претседателот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ