29 Март, 2024
0.0272

Заев денеска заминува за Брисел, Германија ќе ја убедува Франција

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Според најавите, премиерот Зоран Заев денеска напладне тргнува за Брисел, каде ќе го пречекаат министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Шефот на македонската Влада сака да биде присутен во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ, на кој ќе се решава дали Македонија ќе ги започне преговорите.
Заев претходно изјави дека за македонската влада е прифатливо и барањето на Франција за вградување на нова методологија во преговарачкиот процес, како и за негова реверзибилност.

Заев очекува денеска владите на Германија и на Франција да имаат заеднички состанок, во пресрет на самитот на Советот на Европа. И покрај песимистичките сигнали, останува силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори.

- Според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда. Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премиерот Заев претходно во Битола.

Министерскиот совет на ЕУ не се согласи да започне разговори со Северна Македонија и Албанија, објави синоќа финскиот министер за надворешни работи Тити Тупараинен по состанокот. Тупараинен рече дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе го стави ова прашање на агендата на самитот на европските лидери во Брисел во четврток или петок.

Комесарот за проширување Јоханес Хан жали што министрите на Советот ја пропуштија можноста да донесат јасна одлука за започнување преговори.

„Ова не беше момент на слава за ЕУ, иако не сакам никој да обвинувам“, рече Хан и додаде дека се надева оти лидерите на ЕУ на самитот ќе ја поправат оваа одлука.

Огромното мнозинство на земји-членки ја прифатија по трет пат по 15 месеци препораката од Европската комисија за започнување преговори. Ова не е нешто со што можеме да се гордееме. Секое дополнително одложување го загрозува кредибилитетот и напорите на нашиот регион да бидеме посилен играч на глобално ниво “, рече Јоханес Хан.

Главните пречки за започнување преговори со двете балкански држави беа Франција и Холандија. Франција истакна дека не прифаќа преговори со ниту една од двете балкански земји, барајќи претходна промена во методологијата на преговорите за пристапување и дополнителен извештај на Европската комисија за реформите во Скопје и Тирана.

Во пракса, оваа позиција би можела да значи одложување на одлуката за преговори барем до средината на следната година, евентуално подолго, откако одлуката веќе е двапати одложена.

Одлуката ќе ја донесат водачите на ЕУ на самитот во Брисел до крајот на неделата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење