Заев доби награда затоа што земјоделци ќе бидат обештетени поради невреме
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Премиерот Зоран Заев ја доби плакетата „Преспански јаболкобер“ од ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски како благодарност поради залагањата за обештетување на граѓаните од невремето минатата година во Долна Преспа.
- Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа. Заев доби плакета „Преспански јаболкобер “ за помошта на жртвите од невремето, објави ресенскиот градоначалник на Фејсбук.
Тој најави дека Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.
- Оваа мерка на Владата на Република
Северна Македонија, претставува
вистинска поддршка и помош за
земјоделците, кои и покрај големиот труд
и напори, не успеаа да го соберат родот
на преспанско јаболко, од кое
производство зависи развојот и
економскиот раст на Ресен и Преспа, додаде Гошаревски.