20 Април, 2024
0.0277

Заев e за решение со Грција, но дали тоа треба да се направи по секоја цена?

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе направиме сѐ за да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Според него, решението на спорот со името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни.

„Став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница. Тоа го темелам на внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија. Достоинството и идентитетот се важни, јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање да најде решение во интерес на иднината“ – вели Заев.

За тоа дали решението вклучува промена на Уставот на Македонија, премиерот кажа дека тоа се ставови на Грците, но дека ние во Македонија имаме други ставови и услови.

„Македонија го промени својот Устав во 1993 година и тоа е голем чекор. Во моментот се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, иредентистички побуди. Многу е важно да успееме, мило ми е што имаме пријателски односи. Секако постојат радикални структури и тука и во Грција, но треба да направиме сѐ да се изнајде решение“ – изјави Заев.

За средбата во Давос, Заев објанси дека била од информативен карактер. 

Нашиот премиер ги слушнал позициите на грчката страна искажани од грчкиот премиер Алексис Ципрас, а тие ги слушнале ставовите од македонската страна. Тој потенцираше дека сепак преговарачкиот процес останува да се води под посредство со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам