19 Април, 2024
0.0349

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


Претсeдеталот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев очекува широка поддршка за Законот за јавно обвинителство во Собранието. Додека работните групи од партиите ги усогласуваат ставовите, Заев потврди денеска, дека секако комуницира и со осумте пратеници во Парламентот кои гласаа и за уставните измени, за да го обезбеди двотретинското мнозинство за овој закон. Сепак на прес конференцијаta рече дека нив сакал да ги растовари за да не се чувствуваат само тие одговорни.

„Работните групи се во контакти, има работни групи и за изборниот закон. Тие се кредибилни за усогласување на ставовите. Важно прашање е да се создава атмосфера да продолжиме да разговараме. И јас почнав да разговарам и да договарам мнозинство за овој закон и се надевам дека до 11 февруари да гласаме за законот за Јавно обвинителство. Тоа би било силна алатка за граѓаните, но и на европските претставници кои одлучуваат за нашата иднина. Ќе се обидам прво со осумте пратеници, но не губам желба, сакам нив да ги растоварам, имаат голема одговорност. Подготвени сме за сериозна флексибилност, но да донесме добро законско решение за да не не критикуваат, рече Зaев.

Тој спомена дека за ова се консултираат и со правнатa служба на амбасадата на САД во земјава.

Инаку рече дека е подготвен на лидерска средба со Христијан Мицкоски, но дека после неговите последни изјави сфатил дека е човек кој, како што вели „ниту се тера ниту се води“.

Впрочем Заев смета дека ако се укине Преспанскиот дговор, како што заговарал Мицкоски штетите за државата ќе бидат недвосмислени и земјата ќе биде во опасност.

„Тоа ќе значат изгубени милијарда евра странски инвестиции, ќе се врати БЈРМ, ќе ослабее и ќеима  нови ризици, конфликти. Со години не испреговараа решенија со кои ќе се признае етничкиот идентитет и ќе се зачуваат МК и МКД. Владата предводена од СДСМ тоа успеа да го направи и договорот беше поддржан од цела јавност како наш целосен успех. Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата и сите што го заговараат тоа, заговараат опасност за државата, рече Заев.

Вели дека на таков начин земјата се враќа 25 години назад.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите