Заев го испровоцира Мицкоски на Фејсбук
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, фотографија со порака на Фејсбук „Лидерство значи одлучност“ го испровоцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Се чини дека оваа порака од Заев му е упатена токму на Мицкоски, откако овој и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа преку прес-конеференција во партиското седиште не му дадоа инструкции на членството и симпатизерите како да постапуваат на референдумот на 30 септември, туку да гласаат или да не гласаат по своја волја.
Синоќа Мицкоски на карјот од прес-конференцијата го повика Заев на уште еден ТВ-дуел пред референдумот, по што останува да се види дали ќе биде прифатена „фрлената ракавица“.