Заев го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ратификацијата
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019
Премиерот Зоран Заев по враќањето од Самитот на НАТО во Лондон денеска изјави дека е прифатлива иницијатива поднесена до Владата од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која бара во најскоро време во Собранието да се достави предлог-законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство во НАТО.
ВМРО-ДПМНЕ предлогот на нивниот лидер Христијан Мицкоски, да се изгласа ратификацијата со одложено дејство, по примерот на Црна Гора, го преточи во иницијатива. Со ваквиот чекор според ВМРО-ДПМНЕ треба да се запре евентуално одложување на предвремените парламентари избори.
- Ратификација може да има пред распуштање на Собранието. Да направиме ратификацијата да дава можност за одложено дејство. Да стапи во сила веднаш со ратификацијата од Шпанија Тоа по консултации со НАТО ни е дозволено. Но при тоа да нема политички калкулантства, рече Заев.
Оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ како предлог-закон со одфложено дејство мора да оди прво преку Владата, а дури потоа да се пресели во законодавниот дом пред евентуално да биде изгласан.