20 Април, 2024
0.0257

Заев го провоцираше Мицкоски со новите економски резултати: „Математички прецизно има разлика“

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Откако премиерот Зоран Заев го откри кварталниот раст од 4,1 од БДП пред да виде објавен од Заводот за статистика, на владина прес-конференција коментирајќи ги најновите економски параметри рече дека се јавил да праша поради пензионерите со кои имал средба.

- Се јавив да прашам за растот на БДП за да прашам за пензионерите. Колку е тој поголем, толку се поголеми нивните пензии. Затоа се обративме до државната агенција . Не ги баравме три дена, пет дена порано, туку некој час пред да се објави - рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Заев, покрај позитивниот раст на БДП, се пофали и со значителното намалување на невработеноста на 17,8 отсто, а при тоа рече дека „математички прецизно има разлика“ во економските параметри, алудирајќи на една од омилените фрази на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

„Задоволство ми е да соопштам дека има раст на БДП од 4,1 отсто и со тоа паѓаат во вода небулозите дека нема економси раст. Може треба да стојат на билборд на Влада за да се видат како економски параметри Презедовме храбри и одлучни чекори со кои ја тангиравме стабилноста во нашата земја, како што е членството во НАТО, а очекуваме и заокруување на датумот за преговори со ЕУ. Стопанствениците ја препознаваат позитивната клима, економијата е ослободена. Се раздвижи и невработеноста со врзи стапки. Сега е 17,8 отсто. 22,6 беше кога дојде оваа Влада. 49.522 дополнителни нови работни места се тоа. Важно е тоа дека економијата континуирано расте. Уште поважно за нас е растот на бруто-инвестициите за девет проценти. Градежништвото сега е на стабилни основи и бележи 7 отсто“, рече Заев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека денеска е уваб ден за македонската економија и дека големиот број на нововработени се должи на инвестициите кои ги пуштаат фабриките во употреба.

- Убав ден со убави бројки. Економијата не се работи на база на дневно-политичко рекламирање. Економијата беше виртуелна и ја пренасочивме во реална, како што треба да биде одржлива на долг рок. Требаа две години за да се осетат видливи резултати. Економијата е логична наука и такви се резултатите. Ние ги планиравме процесите и работевме на нив да се случат. Земјоделието е со раст над 13 отсто, индустријата на три проценти, а градежништвото околу 7 отсто. Инвеститорите, како домашни така и странски, сериозно инвестираат. Тие луѓе што правеле фабрики, сега  тие вработуваат. Затоа стапката на невработеност е толку помала сега. Динамиката е забрзана, наведе Анѓушев.



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите