24 Април, 2024
0.0266

Заев: Границата за повисок „персоналец“ не е конечно утврдена

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Не е точно тврдењето дека границата над која ќе се одначуваат приходите со повисока даночна стапка е 1.000 евра, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој вели дека износот над кој ќе важи повисоката стапка ќе биде утврден по јавната дебата. Фактор веќе објави дел од работната верзија на законот кој сега  е во подготовка. Според таа, данокот на личен доход или попознат како персоналец од следната година ќе се плаќа со стапка од 10 отсто како и досега на сите бруто примања до 720.000 денари на годишно ниво, додека над 720.001 денар, стапката ќе биде 18 отсто за делот на приходот над овој износ.

„Не е точно тврдењето дека Владата има утврдено дека до 1.000 евра месечно ќе се плаќа 10 отсто данок, а над тој износ да се плаќа поголем данок. Не. Дебатата ќе го одлучи тоа. Буквално ќе ги измериме сите податоци и така ќе ја донесеме одлуката. Правилното оданочување е нешто што е фер. Во секоја земја, ние сме левичари и редот е сите граѓани кои имаат поголеми приходи, поголеми од 1.500, 2.000 3.000 евра да платат поголем данок“, рече Заев.

Сепак според информациите, во овој момент оваа граница е таа што стои во подготвителната верзија на законот. Во неа има и други новини, односно се зголемува данокот на закупите, приходите од интелектуални права, капитални добивки од 10 на 15 отсто. Од 2020 година според тој предлог ќе се даночат и приходите од камати на заштедите ако приходите надминуваат 15.000 денари годишно.  


Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата