25 Април, 2024
0.0505

Заев и Ципрас денеска ќе се сретнат и ќе добијат награда во Минхен

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Прв неофицијален состанок по ратификувањето на Преспанскиот договор од страна на парламентите на двете држави ќе имаат македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на грчката влада Алексис Ципрас на маргините на 55-тата Минхенска безбедносна конференција.

Двајцата премиери ќе бидат наградени со одличието „Евалд фон Клајст“за нивниот придонес во меѓународен мир и мирно решавање спорови во подоцнежните часови на официјалната вечера која ќе се одржи (21:00 часот) од страна на баварскиот премиер Маркус Гентер како домаќин во чест на учесниците на конференцијата.

- Вечерва, заедно со владината делегација ќе бидеме дел од свечена вечера на која се поканети сите шефови на држави и влади, како и членови на кабинети, што е уште една можност за нови средби и договори за идни иницијативи, најави Заев на својот профил на социјалните мрежи.

Се очекува двајцата премиери и договарачи на Спогодбата од Преспа да одржат и говор против национализмот.

Вчера на почетокот на годинешната Минхенска конференција за безбедност Заев веќе се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој му честиташе за потпишаниот Протокол за пристап во НАТО.

Исто така оствари средба и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.




Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи