27 Септември, 2024
0.0263

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација.

Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани.

Со овие зборови го започна говорот Марија Митева, портпарол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција.

- Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција.

Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори.

Што велеше Филипче - Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ.

Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета - истакна Митева.

Потоа дополни дека „целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена, за да можат да градат криминал и корупција наместо европски вредности“. 

Потоа посочи дека токму нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. 

- И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност.

Почитувани, за ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2 проценти, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници.

ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата - потенцираше Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне

СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност