20 Април, 2024
0.0289

Заев и Каминис се сретнаа за продлжената „нормализација“ на односите со Грција

Објавено во: Македонија 28 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија и Грција можеби и натаму се далеку од постигнување на долгопосакуваното решение на спорот за името, но затоа пак во последниот период со засилените дипломатски напори се прават обид да се нормализираат односите меѓу двете соседни земји и да се гради основа за пријателство, доверба и соработка. Во тој дух, вчера се одржа и средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со градоначалникот на Атина Јоргос Каминис кој претходно му беше гостин и на скопскиот колега Шилегов.

– Одговорни сме за иднината на сегашните, но и на идните генерации, и треба да ги развиваме нашите пријателски односи. Скопје е најголем град во нашата држава, ќе биде од значење размената на искуства меѓу нашиот главен град и Атина во делот на позитивни практики на менаџирањето – рече премиерот Заев.

Градоначалникот на Атина изрази разбирање за евро-атлантските аспирации на државава. Тој додаде дека е отворен прозорец на можности за владите на двете земји да најдат решение за отвореното билатерално прашање.

– Грција е една од најстарите земји членки на НАТО и ЕУ и мора да биде лидер во обезбедувањето евро-атлантска иднина за целиот регион. Работиме и на клучните реформски процеси, градиме едно општество за сите граѓани и ќе направиме сè што е до нас да биде најдено заедничко прифатливо решение. Во меѓувреме добро е што постои политичка волја, ќе ги зајакнуваме довербата, меѓусебната соработка и добрососедските односи – додаде премиерот.

На средбата Заев и Каминис се согласија и дека Балканот мора да остане стабилен и дека тоа е можно со чиста визија на лидерите и на владите, но и на другите политички субјекти во државите и општествените фактори кон каде се оди.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам