24 Април, 2024
0.0373

Заев и Мицкоски ќе се судрат пред камерите, за што ќе се води дуел?

Објавено во: Македонија 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска премиерот Зоран Заев и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски ќе ги судрат своите концепции пред јавноста во ТВ дуелот во рамките на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 во 18:30 часот.

Се очекува најполемизирани теми да бидат судбината на СЈО, Преспанскиот договор, осудените од „27 април“, економските политики, доделувањето на датум за преговори со ЕУ, партиските вработувања, претседателските избори и друго.

Ова ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис. 

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

- Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција - рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“.

Мицкоски вчера не објави никаков статус, ниту најава на својот профил на Фејсбук за денешното телевизиско „соочување“.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска