24 Јуни, 2025
0.0300

Заев и порача на ЕУ да си ги исполни ветувањата, а што порачуваат пак од унијата?

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2021 08:14

Добивај вести на Viber

Сумирајќи ја дводневната посета на Брисел, каде што се состана со највисоките претставници на европската администрација, премиерот Зоран Заев, рече дека повторно е испратена јасна и гласна порака дека преговорите за пристапување на земјата во ЕУ можат да продолжат само ако беа исклучени прашањата за македонскиот јазик и идентитет.

„После тоа, можеме да продолжиме да зборуваме за европската иднина на нашата земја“, рече Заев.

Тој рече дека неговата влада не смее и нема да игра со македонскиот идентитет, ниту со која било друга влада, а уште помалку, како што рече, друга држава или Унија во која не сме членки.

„Ние имаме и гордост и идентитет. Можеме да ја зајакнеме или ослабиме гордоста, но македонскиот идентитет и јазик се неприкосновени, единствени, непроменливи“, рече Заев.

Тој исто така рече дека Македонија е на европски пат, но посочи дека секој треба да ги исполни своите обврски на тој заеднички пат.

„Северна Македонија направи многу, ги завршивме реформите и сега е време ЕУ да го исполни ветувањето“, рече македонскиот премиер.

Од друга страна по средбите во Брисел, Заев доби порака дека Македонија ги исполнува потребните услови и она што го заслужува е премин во следната етапа, но сепак е потребно да се најде решение на спорот со Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ - ќе летаат до Атина, и понатаму има наши сограѓани во земјата

МАЈКА СО ТРИ ДЕЦА УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ - ќе летаат до Атина, и понатаму има наши сограѓани во земјата