06 Јуни, 2020
0.0421

Заев и Рама рано по сабајле кај Вучиќ

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2019

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, заедно со шефот на албанската Влада, Еди Рама, утрово од 9.00 часот му се гости на српскиот претседател Александар Вучиќ во Нови Сад. Разговорите ќе се водат во насока на идејата да се воспостави „мал Шенген“, најпрво помеѓу трите земји од Западен Балкан, а суштината би била слободен проток на стоки и луѓе. 

Станува збор за еден вид на регионална „Царинска унија“ по примерот на ЕУ и без административни бариери. Засега оваа идеја нема голема поддршка кај меѓународната заедница, каде што преовладува мислењето дека прво треба да се решат меѓудржавните спорови, ниту пак кај коморите, кои бараат реформите за што побрз влез во ЕУ да бидат приоритет.

Заев вели дека добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан.

„Утре со Претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараме за тоа во Нови Сад. Имаме неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан“, објави Заев кој уште вчера пристигна во Нови Сад.


Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ЗА КОЕ СЕ ЗБОРУВАШЕ СО ГОДИНИ - еве како е убиена српската пејачка

ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ЗА КОЕ СЕ ЗБОРУВАШЕ СО ГОДИНИ - еве како е убиена српската пејачка

БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН ГО ОБВИНУВА БОРИСОВ ЗА РЕКЕТ - нему и на министерот за финансии им дадов 30 милиони евра

БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН ГО ОБВИНУВА БОРИСОВ ЗА РЕКЕТ - нему и на министерот за финансии им дадов 30 милиони евра

Како Грците ќе се грижат за здравјето за туристите?

Како Грците ќе се грижат за здравјето за туристите?

ДЕБЕЛА СНЕЖНА ПОКРИВКА: На Балканот наврнаа 70 сантиметри снег

ДЕБЕЛА СНЕЖНА ПОКРИВКА: На Балканот наврнаа 70 сантиметри снег

ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи од 15.јуни

ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи од 15.јуни

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра