Заев и Спасовски ќе го посетат тетовско Порој каде се излеа река
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот и министер за внатреши работи, Оливер Спасовски ќе го посети селото Порој, каде вчера имаше излевање на река и прекин на сообраќајот.
Претходно тие ќе имаат средба со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.
Тие на лице место ќе ги согледаат состојбите на теренот, информираат од Владата.
Патот Тетово- Јажинце и натаму е во прекин.