09 Декември, 2019
0.0227

Заев ќе биде и премиер и министер за финансии, а ова се имињата на новите министри

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2019

 Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата. 


Можеби ќе ве интересира

Пукано во полициски службеник во Скопје

Пукано во полициски службеник во Скопје

Зошто Пендаровски не е убеден дека избори ќе има на 12 април

Зошто Пендаровски не е убеден дека избори ќе има на 12 април

Здравство призна дека е уништен сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во време на претходната власт

Здравство призна дека е уништен сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во време на претходната власт

Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Македонија не треба да се одложуваат

Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Македонија не треба да се одложуваат

Колку изнесува најмалата, а колку највредната награда од наградната игра со скенирање фискали сметки

Колку изнесува најмалата, а колку највредната награда од наградната игра со скенирање фискали сметки

Да го славиме БОЖИЌ според идејата на Шилегов или сепак не?

Да го славиме БОЖИЌ според идејата на Шилегов или сепак не?

Османи не прифаќа чепкање на Законот на јазици

Османи не прифаќа чепкање на Законот на јазици

Ако патувате утрово состојбата на патиштата е ваква

Ако патувате утрово состојбата на патиштата е ваква

Се празнува Свети Климент Охридски-наш најголем светител, просветител и учител

Се празнува Свети Климент Охридски-наш најголем светител, просветител и учител