Заев ќе прави ПЦР тест иако немал директен контакт со Спасовски
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Премиерот Зоран Заев ќе прави тест за присуство на коронавирусот, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави синоќа дека е позитивен. Заев изјавил за телевизиаајта ТВ21 дека секогаш ги почитувал протоколите и дека држел дистанца.
„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца, изјави Заев за ТВ 21.