Заев: Компромиси нема за стратешките цели на Република Македонија
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2018
Премиерот Зоран Заев по лидерската средба денеска изјави дека компромиси нема за стратешките цели на Република Македонија, а амнестија директна или индиректна нема.
Рече дека разговорите продолжуваат. За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, вели дека кога ќе завршат лидерските средби ќе даде детаљи.
Има работи за кои се договориле, има и некои за кои уште не се.
Заев рече дека роковите се поврзани овде и во Грција за Договорот.
Нова лидерска ќе има во недела.