19 Април, 2024
0.0275

Заев: Лага е дека ќе го продадам името, немам сметки во Белизе како други политичари

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, предводникот на СДСМ, во последните денови од изборната кампања се повеќе говори за генералните политики отколку за локалните проблеми, па овој пат на митингот во Прилеп вети дека може да се реши спорот за името, а притоа да се сочува гордоста на Македонците.

„Доста беше лажен патриотизам, Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУЌе покажеме дека можеме да решаваме проблеми со пријателство и добар дух зашто нашата иднина се ЕУ и НАТО. Македонија ќе го реши проблемот со името, а граѓаните ќе бидат горди Македонци.Доаѓа ново време за нашата земја, Македонија е разбудена“ изјави Заев на митингот во Прилеп.

Заев исто така кажа дека голема лага е дека бил избран за да го сменел името, тој вели дека се што има е во Македонија и нема сметки во странство, во Белизе или на Рајски острови како други политичари.

Засега од СДСМ и од Владата посочуваат само дека потребно е да се градат пријателски односи со Грција, да се врати довербата и да нема нови провокативни чекори. Заев речиси во сите јавни настапи во кои говори за спорот за името е убеден дека постои начин како да истиот да заврши, а Македонија и Македонците да не се почуствуваат обесправени и омаловажени. 

Се очекува по завршувањето на локалните избори да се рестартираат разговорите со Грција за решавање на деценискиот спор за што ќе следува и силна меѓународна поддршка. Македонија и новото владино раководство добија „ветер во грб“ од надворешните пријатели за започнатиот процес на реформи и сакаат час поскоро да не видат на заедничка маса во НАТО, за потоа да се работи и на преговорите за членство во ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов