16 Април, 2024
0.0261

Заев: Може да се тргне цензусот или да се гласа претседател во Собрание

Објавено во: Македонија 16 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и порача на опозицијата да не го бојкотира вториот круг од претседателските избори, бидејќи тоа може да доведе до нови политички кризи во земјата.

Откри дека веќе се консултирал со министерката за правда Рената Треневска Дескоска за евентуалната промена на Уставот доколку го нема потребниот цензус во вториот круг од претседателските избори на 5 мај.

- Се консултирав со Дескоска, таа е мој прв правник во Владата. Ми рече дека преку промена на Уставот може да се избере претседател на државата на два начини - или да се тргне цензусот, или да се изгласа претседател во самото Собрание - изјави Заев.

Тој рече дека не верува дека ќе пропаднат претседателските избори, односно ќе ја нема потребната излезност од 40 отсто од гласачкото тело во вториот круг.

- На референдумот имаше 37 отсто излезеност и тоа со болно прашање за македонската етника заедница. Дури и со бојкотирање ќе може да се исполни цензусот. Но јас не верувам дека опозицијата ќе бојкотира - рече шефот на македонската Влада.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка