ЗАЕВ МУ ПОРАЧА НА МАКРОН - ќе станеме полноправна членка
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019
И покрај тоа што денеска и вчера можеа да се слушнат мислења дека Европската економска заедница што Европската унија би му ја понудила на Западен Балкан како еден вид замена за полноправно членство, со што тие држави би имале пристап на внатрешниот европски пазар, премиерот Зоран Заев не отстапува од полноправно членство.
На својот фејсбук профил тој упати порака до францускиот претседател Емануел Макрон.
„Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот 'методологија пред проширување' може да се трансформира во 'проширување заедно со промена на методологијата'“, пишува премиерот и додава дека, ние, како што вели, сме Европа.
„Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ, откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, нагласува премиерот.