24 Април, 2024
0.0259

Заев најави - Долговите на општините ќе се вадат со кредит од 100 милиони евра

Објавено во: Македонија 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата сака во целост да го спроведе
Законот за рамномерен регионален развој, кој значи сто милиони евра дополнителни пари на општините од она што досега државата го спроведувала и од она што треба дополнително да го обезбедат како обем.

„Тоа значи дека во иднина, штом ќе бидат подготвени капацитетите на општините, а се надевам до крајот на 2018 година дека ќе бидат подготвени, ќе се пренесат капиталните инвестиции за изградба на основни и средни училишта од Министерството за образование и наука на општините. Изградбата на градинките, дел од здравствените домови како примарна и превентивна здравствена заштита, веројатно и најголем дел од домовите на култура, освен оние што се од национален интерес кои ќе бидат задржани. Огромен процент на домови на култура се уште се под Министерството за култура и тие треба да бидат симнати на локално ниво“, рече Заев по потпишувањето Договор меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС за пренесување на правото на трајно користење, управување и одржување на информацискиот систем www.gradezno-zemiste.mk.

Тој додаде, дека планираат управувањето на шумите и на земјоделското земјиште  да го пренесат на локално ниво, како и во делот изградба на патиштата во РМ со цел да се зајакне финансискиот капацитет за изградба на локалните патишта каде се надлежни самите општини, а посебно, рече, дури и регионалните патишта кои имаат регионален аспект, односно важност за еден од осумте плански региони.

„Конечна цел е да ги пренесеме овие огромни суми на пари од сто милиони евра. Со овие многу значајни институции во Република Македонија, граѓаните да почувствуваат унапредување на услугите и унапредување на квалитетот на развојот на инфраструктурата, а не да биде кочница заради тоа што имаме и мали општини со помал капацитет за кои ќе им треба организација во делот на проектирање, имплементирање на одредени конкретни инфраструктурни проекти, но и организација во делот на менаџментот на одредени институции“ – изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање што се случи со идејата за Владата да се задолжува во име на општината, тој рече дека работат на тоа и оти ги чекаат понудите од банките.

„За нас е многу важно да добиеме колку што е можно пониски каматни стапки и да добиеме можност по пат на преговарање за исплата на сите тие долгови кои општините ги имаат кон добавувачите и да добиеме подобри услови“,  рече Заев.

Премиерот изрази надеж дека наскоро ќе можат да соопштат конечно која е одлуката околу тоа како ќе го исфинансираат тој дел. Одлуката, како што рече, е веќе донесена за државата да подигне кредит, буквално го пренесе на општините да ги исплатат своите обврски кон добавувачите, некаде околу 120 милиони евра, а самиот кредит го враќаат општините на еден подолг рок од 15 или 20 години со пониски каматни стапки. Очекуваме  два, два и пол, три насто каматни стапки кои за сметка на денешните 13 отсто кои ги плаќаат како затезни камати општините за сите долгови коишто се доспеани према нив.

„Ние веруваме дека на тој начин ќе ги растовариме општините, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но исто така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините. Истовремено свесни сме дека парите ќе се искористат за нови инвестиции во Република Македонија“, потенцираше Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП