Заев најави каде ќе се отворат нови работни места
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021
На седницата за пратенички прашања денеска премиерот Зоран Заев најави каде ќе се отворат нови работни места.
„Она кое што сакам да го знаат граѓаните е дека во овој период е купена фабрика за кабли Неготино, од турска компанија, којашто не работеше години и години, за 6,5 милиони евра. „Дрекслер Мајер" најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања. Овие денови нов погон во Кавадарци исто „Дрекслер Мајер". „Кромберт и Шуберт" доби една цела нова линија на „Мерцедес", којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација, веројатно се пред одлука за нова фабрика во државава. Со 9 компании во моментов преговараме како за нови странски инвестиции. Очекуваме во втората половина да се вратиме на нормалниот раст", рече премиерот Заев.
Овие инвестиции ќе помогнат во повеќе градови да се отворат нови работни места.