19 Април, 2024
0.0260

Заев најави намалување на администрацијата, но на оглас се јавуваат по десетмина за едно место

Објавено во: Економија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Се ближи еден месец откако беше изгласана новата Влада во Собранието, но засега намалувањето на администрацијата и бројот на административните службеници останува надвор од фокусот на реформите и најавите, во кои доминираат четвртиот пакет економски мерки, најавените субвенции за правична застапеност во приватниот сектор и борбата со корупцијата и криминалот.

Предизборно и за време на преговорите за формирање на новата власт беше ветувањето за брзото справување со тромата и обемна администрација и нејзиното намалување за 20 отсто. Ова не се однесува за вработените во јавниот сектор како поширок поим (полицајци, здравствени лица, наставници), туку за класичните административни службеници кои работат во државната управа.

Во меѓувреме вработувањето токму во овој потесен јавен сектор останува прималиво. Според годишните податоци кои ги испрати Агенцијата за администрација во Собранието за 2019, лани за еден извршител во просек аплицирале 9,7 кандидати на државно и на локално ниво. Имало 517 огласи преку кои се барале 1.669 административци, а се јавиле 15.969 кандидати.

Бројот на јавни огласи е зголемен за 23,89 отсто, од кои бројот на оние во државната управа, односно без локалната, е зголемен за дури 60,71 отсто повеќе, објави Агенцијата за администрација.  За 15,66 проценти се барале повеќе кандидати за вработување во однос на 2018. Бројот на кандидати кои се јавиле е зголемен за 26,52 отсто Сепак бројот на избрани кандидати е намален за 9,03 проценти. Избрани се 17,9 проценти помалку Македонци во однос на 2018, а 24,06 повеќе Албанци споредено со една година претходно.

Под притисокот на критиките од меѓународниот фактор заради партизација, нетранспарентност и непрофесионалност, ова е една од реформите која најинтензивно беше најавувана а вметната е и во владината програма. Експертите проценуваат дека реформите треба да започнат веднаш штом ќе започне мандатот, за да има време да се спроведе.

Премиерот Зоран Заев најави нејзино намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор. Тој порача дека со дигитализацијата нема потреба од толкав број на вработени. Редуцирањето ќе се изведе преку спојување на функциите и надлежностите на институциите и пренасочување на вишокот вработени во приватниот сектор. Предизборно беа најавени и стимуланси, така што оние административци кои ќе склучат договор со приватна фирма ќе добијат  отпремнини, а работодавачот би добил субвенции.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите