07 Март, 2021
0.0239

Заев: Најбрзо има шанси да стигнат вакцините од Србија, утрово разговарав со Брнабиќ за да пуштат втора ургенција до Фајзер

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021

Премиерот Зоран Заев утрово повтрно искомуницирал со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, околу пристигнувањето на вакцините од Србија кои ќе бидат потребни да се вакцинираат здравствените работници во ковид центрите, односно 8.750 вакцини.  

„Тие пуштаат втора замолница и ургенција до Фајзер Њујорк, за да можат да ја дадат согласноста за да можат од Србија да се извезат вакцините кои се дадени за вакцинацијата“, рече Заев.

Ние како Влада, додава, ургираме исто така неколку пати преку нашето Министерство за здравство и тој верува дека тоа ќе биде одобрено.

„Посебно што ние некаде во февруари, некаде на средината или втората половина, очекуваме да стигнат и вакцините за кои имаме договор директно со Фајзер.

Уште еднаш напоменувам дека, покрај Ковакс системот, за кој очекуваме до крајот на неделата прецизен и директен одговор до кога да ги чекаме вакцините, очекуваме и од Европската комисија преку солидарната распределба одредени количини на вакцини. Така што очекуваме февруари директно да стигнат 5.850 вакцини, а потоа по 14.500 во наредните транши“, рече премиерот.

Но, навистина од Србија вакцините можат да стигнат најбргу, нагласи Заев, бидејчи, како што рече, сме подготвени. 

Тие се сосема доволно за здравствените работници што работат во ковид центрите, тоа се 7.850 здравствени работници колку што беа наградени во декември.

„И навистина верувам дека колкави и да се значајни тие клаузули во договорите на Фајзер со Србија и со другите земји, можеме, во предвечерието на стигнувањето на нашите вакцини, да ни дадат согласност час поскоро да стигнат вакцините од Србија“, потенцира Заев. 

Можеби ќе ве интересира

КОВИД БИЛАНС: Десетмина ја изгубија битката со вирусот, има и 47 годишен пациент, 333 заразени

КОВИД БИЛАНС: Десетмина ја изгубија битката со вирусот, има и 47 годишен пациент, 333 заразени

ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ДВАЈЦА, ИЛИ АКО ДАДЕ ГОСПОД И ПОВЕЌЕ ПРАТЕНИЦИ - премиерот Зааев вели дека ќе расте парламентарното мнозинство

ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ДВАЈЦА, ИЛИ АКО ДАДЕ ГОСПОД И ПОВЕЌЕ ПРАТЕНИЦИ - премиерот Зааев вели дека ќе расте парламентарното мнозинство

ИМ ВЕЛАМ НА ЛУЃЕТО СЛОБОДНО ЗБОРУВАЈТЕ НА ТЕЛЕФОН - Заев охрабрува: Кој друг би слушал и би одел затвор 12 години

ИМ ВЕЛАМ НА ЛУЃЕТО СЛОБОДНО ЗБОРУВАЈТЕ НА ТЕЛЕФОН - Заев охрабрува: Кој друг би слушал и би одел затвор 12 години

Филипче: Според моите информации, состојбата на Мицкоски е стабилна

Филипче: Според моите информации, состојбата на Мицкоски е стабилна

ФИЛИПЧЕ И РУСКИОТ АМБАСАДОР ГИ ПРЕЧЕКАА РУСКИТЕ ВАКЦИНИ - спутник В е нова надеж, се разговара и за другите количини

ФИЛИПЧЕ И РУСКИОТ АМБАСАДОР ГИ ПРЕЧЕКАА РУСКИТЕ ВАКЦИНИ - спутник В е нова надеж, се разговара и за другите количини

НЕМА ДА ОСТАВИМЕ НЕЗГРИЖЕН НИТУ ЕДЕН ВОЈНИК СО НАПОЛНЕТИ 45 ГОДИНИ - Од Одбрана ги отфрлаат обвинувањата

НЕМА ДА ОСТАВИМЕ НЕЗГРИЖЕН НИТУ ЕДЕН ВОЈНИК СО НАПОЛНЕТИ 45 ГОДИНИ - Од Одбрана ги отфрлаат обвинувањата

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР: На Мицкоски му посакуваме брзо закрепнување и здрав и прав да даде отчет на конгресот

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР: На Мицкоски му посакуваме брзо закрепнување и здрав и прав да даде отчет на конгресот

БЛИЗУ 33 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИЦИ - Статистика тврди дека апликацјата за самопопишување беспрекорно функционира

БЛИЗУ 33 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИЦИ - Статистика тврди дека апликацјата за самопопишување беспрекорно функционира

НОВИ 31 ПАЦИЕНТ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ - почна со работа и модуларната болница

НОВИ 31 ПАЦИЕНТ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ - почна со работа и модуларната болница