Заев: Нашите мисли се со турскиот народ.
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020
Лидерот на СДСМ и поранешен премиер на земјава, Зоран Заев вчера преку својот фејсбук профил истради сочувства до секејствата на настраданите од земјотресот во Турција.
„Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета.
Нашите мисли вечерва се со турскиот народ“, напиша Заев на фејсбук.
Во разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени, кој го погоди истокот на Турција, околу 220 км од Газиантеп, светските медиуми јавуваат за најмалку 18 жртви, според информациите од Управата за вонредни ситуации и природни непогоди, а бројот на повредените се искачил на над 400.