ЗАЕВ: Не мислам да го разрешам Филипче заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2021
Премиерот Зоран
Заев, денеска изјави дека не мисли да го разреши Венко Филипче од функцијата
министер за здравство, заради писмото на Хируршкиот колектив во ГОБ „8
Септември“.
-Дали мислам заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“ да го разрешам Венко Филипче, не, не мислам, нагласи Заев.
Инаку, тие вчера преку отворено писмо до директорот на градската општа болница, Христијан Костов, како и до министерот Филипче се заканија дека ќе ги прекинат неитните хируршки зафати од понеделник со образложение дека подолг временски период не работат со полн капацитет, односно дека работат само две од шест операциони сали.
Вчера попладне, по објавување на писмото, беа повикани заедно со дирекорот Костов во кабинетот на Филипче, од каде известија дека е постигнато времено решение.
-На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем, соопштија од МЗ.