Заев нема да брза со парламентарни веднаш по локални
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2017
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев засега се уште не размислувал и не направил анализа за тоа дали ќе побара предвремени парламентарни избори напролет доколку, по локалните избори ја освои локалната власт во повеќе општини во земјава. Тој денеска во Штип заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски присуствуваа на отворената дебата со граѓаните.
- Локалните избори се мошне важни, навистина општините со своите надлежности допираат до секојдневниот живот до граѓаните од многу аспекти, под општините се училиштата, детските градинки, комуналните претпријатија и многу други надлежности. За нас е многу важно промените да се заокружат тука. Штип е подготвен за промени, заради тоа што навистина она што тука се случуваше во изминатиот период не е нешто што можеме да кажеме дека би можело да биде задоволително, вели Заев.
Тој истакна дека по одржувањето на локалните избори ќе ги донесат одлуките, но како што рече Македонија треба да чекори напред, да се носи со проблемите, кои што постојат во земјава, заради перспективата на сегашните и идни генерации.