Заев: Нема повеќе администрацијата само кафенце да си пие
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2018
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, веерва на трибина во Неготино во рамки на референдумската ампања „Излези ЗА вропска Македонија“ повторно порача дека е потребен „европски камшикар“ во управувањето и организирањето на општеството.
- Тие нема да не камшикуваат, туку нивните барања ќе не доведат во ред како држава. Не може тие што доаѓаат на работа во државната администрација да се смеат хихихи, хухуха и да си заминат да си пијат кафенце, додека некој таму чека имотен лист да му се извади. Треба да се работи чесно осум часа - рече Заев пред присутните.
Додаде дека ако ако се прифати идејата на оние кои не го подржуваат референдумот на 30 септември и интеграцијата во ЕУ и НАТО, во Македонија „ќе никне само троскот и пустош“.