Заев: Нема веќе понижувања со „вашата земја“
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018
Македонскиот премиер Зоран Заев на вториот ден од јавната дискусија за промената на уставните амандмани во согласност со Преспанскиот договор што се организираше на ФОН универзитетот рече дека меѓународните фактори нема повеќе да ја понижуваат Македонија избегнувајќи да го споменат нејзиното име.
- Во досегашната пракса кај европските политичари и во извештаите на меѓународните институции повеќе од често се споменуваа термините „вашата земја“ и „вашиот народ“ - рече Заев.
Наведе дека Преспанскиот договор и уставните измени паѓаат во вода доколку Грција не ги исполни своите обврски.
- Измените на уставните амандмани стапуваат во сила кога грчкиот парламент прво ќе го ратификува преспанскиот договор, а потоа го ратификува напето членстви во НАТО. Дури тогаш ќе може да се каже дека нашиот Устав е променет - наведе Заев.