12 Јули, 2020
0.0252

Заев: Ние сме земја која нема да воведе санкции против Русија

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Премиерот Зоран Заев денеска на 25-годишнината од воспоставувањето на македонско-руските дипломатски односи рече дека Македонија, заедно со Србија, остануваат двете земји кои нема да ја следат политиката на ЕУ и да воведат санкции против Русија, со тоа што нема да го следат примерот на Црна Гора и Косово.

- Има простор директно да ги продаваме нашите земјоделски производи во Русија, а не документацијата да оди преку Србија. Секој пазар што досега бил неотворен за нас, може да придонесе за нашиот развој со зголемувањето на нашиот извоз во таа земја, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија ќе соработува со Русија, кина, земјите од Блискиот Исток и Азија, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон заклченувањето во НАТО и ЕУ. Според Заев, отворањето на дијалогот со Русија не е одговор на Македонија кон Брисел по неодлучноста да и се даде на земјата датум за преговори.

- Одлуката за меѓувладината конференција е отворена уште во 2017 година, а ко-претседавачите од двете страни се избрани во 2018, а претходно три години не беше организирана. Знаете дека и Франција, Германија, Холандија соработуваат со Руската Федерација на економски план. Ние работиме на унапредување на економските политики, бидејќи потенцијалот е голем, наведе Заев.

Можеби ќе ве интересира

БЛИЗУ ОСУМ ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ДОСЕГА ИМАА СРЕДБА СО КОРОНАТА - 376, за жал, ја изгубија битката

БЛИЗУ ОСУМ ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ДОСЕГА ИМАА СРЕДБА СО КОРОНАТА - 376, за жал, ја изгубија битката

Писмо од Мицкоски: Дајте ни ја довербата нам, на политичарите без хипотеки, да ги менуваме работите

Писмо од Мицкоски: Дајте ни ја довербата нам, на политичарите без хипотеки, да ги менуваме работите

Заев: Ние што направивме нашата земја да биде призната од цел свет, ние сме патриоти, а не тие

Заев: Ние што направивме нашата земја да биде призната од цел свет, ние сме патриоти, а не тие

Мендух Тачи најавува дека Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент

Мендух Тачи најавува дека Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент

Двајца кардиолози од Тетово се заразени со КОВИД-19?

Двајца кардиолози од Тетово се заразени со КОВИД-19?

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

ОДЛУЧИВТЕ ЛИ ДАЛИ И ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ - денеска добро слушајте, ова е последен ден од кампањата

ОДЛУЧИВТЕ ЛИ ДАЛИ И ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ - денеска добро слушајте, ова е последен ден од кампањата

МНОГУ СРЕДНОШКОЛЦИ УШТЕ ЧЕКААТ „АБЕР“ - ги нема ниту картичките, ниту одговорите

МНОГУ СРЕДНОШКОЛЦИ УШТЕ ЧЕКААТ „АБЕР“ - ги нема ниту картичките, ниту одговорите

ПАНЧЕВСКИ СЕ БАРА ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН - МВР трага на повеќе можни локации

ПАНЧЕВСКИ СЕ БАРА ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН - МВР трага на повеќе можни локации