23 Април, 2024
0.0290

Заев, Николовски, Царовска ќе „трчаат“ против Сиљановска, Мизрахи, Јанушев...

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Првенците на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат познати меѓу први и петти март, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека една недела подоцна ќе бидат познати и листите на пратеници.

„Видете, во моментот трае анализа, на теренот имаме анкетирање, внатрепартиско анкетирање на структурата, имаме и трет начин на проверка така што како што кажав на минатата прес-конференција во периодот помеѓу први и петти март ќе бидат познати носителите, а една недела потоа ќе бидат познати и листите на пратеници“, рече Мицкоски.

Процедурата за кандидирање на пратениците е во финална фаза и во владејачката СДСМ. Од партијата велат дека за носителите на нивните листи ќе се дознае на конгресот на партијата, како највисок орган на одлучување, а пред тоа, објаснуваат, би било неблагодарно и непринципиелно од една одговорна партија да шпелулира со било какви информации. Она што сигурно се знае е дека половината, односно 50 проценти од листите со пратеници ќе бидат резервирани за жени, додека, пак, 30 отсто ќе им припаднат на младите.

А како што Фактор веќе пишуваше, во таборот на опозицијата има и стари и нови ликови. 

Дефинитивно новина е појавата на сега разрешената министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, за која се зборува дека би можела да биде носител во Втората изборна единица. Таа деновиве е исклучително активна на терен на средбите со граѓаните, и има нагласено патриотски настап, што значи дека партијата повторно ќе игра на оваа идеја водилка во својата кампања.  

Единицата е засега најблиска до професорката и поранешен претседателски кандидат на оваа партија, Гордана Сиљановска, но некои извори не исклучуваат на ова место да дојде и Мизрахи. Додека, пак, за двојката, силно бил заинтересиран потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт, Владо Мисајлоски.

Како предводник на тројката наводно би истрчал Игор Јанушев, генералниот секретар на партијата. За Четвртата изборна единица, пак, најголеми шанси му се даваат на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и една од „перјаниците“ на партијата, Александар Николовски, со што тој практично би му се спротивставил на лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев. 

За петката и шестката уште не биле искристализирани ликови. Упатени кругови велат дека на листите, и тоа во погорните места, сигурно ќе се најде пратеникот Антонијо Милошоски. Сознанијата велат дека на списокот ќе се појави, но не како носител, и пратеникот Влатко Ѓорчев, а помалку изгледите биле на страната на Илија Димовски.

За лидерот Мицкоски уште не се спомнува изборн единица, па се очекува да се види дали тој ќе опстои на најавата дека ќе биде шпицен кандидат, што значи или ако победат да стане премиер, или воопшто да не биде пратеник.

Во СДСМ засега партиските кулоари за Единицата предност и даваат на Мила Царовска, поранешна министерка за труд а сега вицепремиерка за економски прашања. 

Двојката е веќе резервирана за Оливер Спасовски, технички премиер и силна партиска фигура во СДСМ.

Во Третата изборна единица како носител треба да истрча Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата, и еден од најсилните работници на терен, како што го опишуваат партиски извори.

Четворката е определена за Зоран Заев, лидер на партијата и поранешен премиер, кој претендира повторно да седне во премиерското столче, доколку неговата партија ја добие довербата од граѓаните и успее да формира Влада. 

За шестката се зборува дека носител ќе биде од редовите на Албанците, но треба да се прецизира дали и со каква предизборна коалиција би се одело. 

За Радмила Шекеринска се споменува амбасадорско место, но не е изнендување доколку биде предводнк на некоја од листите.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето