25 Април, 2024
0.1745

Заев, Николовски, Спасовски контра Силјановска, Јанушев, Славески - кој ќе ги предводи листите

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Партиите ги кројат пратеничките листи. Кои ќе бидат носители во шесте изборни единици, уште е во зоната на шпекулациите.

За СДСМ е речиси сигурно дека лидерот на партијата и поранешен премиер, Зоран Заев, е сигурен  носител, а би бил предводник во неговата четворка, односно изборната единица 4, говорат информациите.

Додека, пак, Љупчо Николовски, кој е генерален секретар на партијата, би можел да настапи како носител во тројката, односно во источниот регион.

За наредниот месец се најавува и правење финални теренски анкети во партијата, преку кои ќе се мери рејтингот на потенцијалните кандидати, по што ќе се искристализираат конечните имиња. Инаку, како најмногу можни носители на листи се сметаат Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, Мухамед Зеќири, Мила Царовска и Оливер Спасовски, кои биле исфрлени со најдобар рејтинг од првичните мерења. 

За единицата, односно најголемиот дел од скопските општини, има три можни кандидати, вицепремиерките Цароска и Шекеринска, како и министерот Димитров. Сите имале свои предности, но и некои можни минуси, па ќе се види кое име ќе превагне на вагата. Во двојката, според информациите, да ја предводи листата најголеми шанси имал сегашниот технички премиер Оливер Спасовски. За шеската, пак, се калкулира со носител Албанец. 

Комбинаторики се прават и во ВМРО-ДПМНЕ. Единицата, според некои извори, би ја предводела Гордана Силјановска, професорката која беше претседателски кандидат на партијата, но не успеа да го победи Стево Пендаровски на претседателските избори. 

Генералниот секретар на партијата, пак, Игор Јанушев, би можел да биде предводник на изборната листа во третата изборна единица. Додека, пак, како предводник во четворката би можел да се испроба Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како можни носители во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат и професорите Трајко Славески и Владо Мисајловски, кои своевремено беа министри во Владите на ВМРО-ДПМНЕ.

А за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се зборува дека би бил еден вид шпицен кандидат, односно не би бил предводник на листа, туку, доколку партијата победи на изборите, сосема е сигурно дека ќе биде премиер. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг