17 Април, 2024
0.0243

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, денеска допатува во Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот. 

Заев истакна дека доаѓа со пораките што лидерите на институциите на Европската Унија добро ги знаат, ги разбираат и одобруваат.

„Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите“, нагласи Заев.

Тој додаде дека Северна Македонија многу сработи, дека испорача и дека сега е време и ЕУ да го испорача ветеното кон нас и тоа без одлагање. Заев рече дека очекува одлука за прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа да го официјализираме почетокот на преговорите уште во мандатот на португалското претседателство со Унијата.

„Претставници на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори. Знаат и разбираат дека тоа ниту било, ниту треба да биде на европската маса за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ“, потенцираше премиерот.

Заев дополни дека Северна Македонија во секој момент е подготвена и има апсолутно добра волја за прашања од билатерален карактер да разговараме со Бугарија во секое време без тоа да влијае на нашето пристапување во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта