Добивај вести на Viber
Премиерот Зоран Заев во негово и во име на Владата изрази сочувство
по веста за смртта на поранешниот актер и декан на Факултетот за драмски уметности, Данчо Чеврески.
„Со искрено жалење ја примив веста за смртта на истакнатиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент, Данчо Чеврески, чии уметнички остварувања оставија важен и траен белег во театарот и македонската кинематографија.
Данчо, ќе остане запаметен по својата богата и плодна филмска и театарска кариера, за која говорат и многубројните награди, а како последен сведок е и минатогодишната „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на телевизијата.
Своето големото наследство од знаење тој со страст им го пренесуваше на своите студенти од Факултетот за драмски уметности, и ревносно и со љубов ги внесуваше во тајните на актерската игра пред камерите.
Од свое лично име, и од име на членовите на Владата, до семејството Чеврески и до сите негови блиски и пријатели, упатувам изрази на длабоко сочувство за нивната загуба во знак на сеќавање и вечен спомен на Данчо.“, напиша Заев за Чеврески.