28 Март, 2024
0.0282

Заев од Пробиштип: „Кранфилд Фаундри“ ќе дава плата повисока од просечната

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Почна со работа новата фабрика во Пробиштип, инвестиција вредна 17 милиони евра. Станува збор за леарница на железо, која по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија треба да изработува делови за автомобилската индустрија. 

„Кранфилд Фаундри“ во оваа почетна фаза има 58 вработени, а со проширување на инвестицијата во наредниот период се очекува бројот на вработени да изнесува околу 300.

Околу 50 работни места се резервирани за лица со високо образование.

Од менаџментот на компанијата велат дека следната инвестициска фаза ќе овозможи производство на делови за автомобилската индустрија.

Премиерот Зоран Заев нагласи дека оваа инвестиција е заедничко дело на двете влади, претходната и сегашната.

„Во процесот на работа Краунфилд е компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нобуларно железо, која употребува исклучително само електрична енергија. Во процесот на работа строго е забрането употреба на суровини кои содржат штетни материи, за да може да се испорача производ кој ги задоволува сите стандарди за квалитет, безбедност и заштитра на животната среедина“, рече премиерот Заев.

Фабриката, според него, е сериозна шанса за граѓаните, за младите од општината, кои со овие перспективи на „Кранфилд Фаундри“ добиваат реални можности да се школуваат, да се остручуваат и да се вработат дома, во своите родни места. 

„Уште една голема причина за тоа е и просечната плата во „Кранфилд Фаундри“ која денеска е повисока од просечната плата на државно ниво со потенцијал за уште поголем раст“, нагласи премиерот Заев, и додаде дека и оваа фабрика е резултат на економските политики на Владата кои придонесоа за пораст на бруто домашниот производ од 3,6 отсто, и за намалувањето на невработеноста во третиот квартал на 2019 година на рекордно ниски 17,1 отсто“, рече премиерот.

За вицепремиерот Анѓушев е најважно што производството главно е извозно ориентирано, а го помага и развојот на локалната економија.

Инвестицијата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?