Заев: Oдговорност ќе треба да се преземе
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Oдговорност ќе треба да се преземе, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев за тоа што ќе се случи доколку Македонија утре во Брисел не добие датум за почеток на преговори со Европската Унија.
На европските лидери им порача дека не очекуваме прием веднаш, туку тоа е процес кој ќе направи трансформација. Додаде дека земјата го промени името, верувајќи во Европската Унија.