ЗАЕВ ОДИ КАЈ МЕРКЕЛ: Ќе зборуваат ли за датумот кој земјата го очекува?
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2019
Средба меѓу премиерот Зоран Заев и германската канцеларка, Ангела Меркел ќе има во четврток во Берлин.
Оваа средба следи по пораките дека канцеларката не е за брз датум за преговори за земјава. Заев и владина делегација во среда патуваат за Берлин, каде право ќе има обраќање на годишното Собрание на Стопанската комора на Германија, а ден потоа и средба со Меркел.
Иако Франција и Холандија беа земји кои беа скептични околу тоа дали Македонија треба да добие датум за преговори, сега е неизвесно дали Германија ќе даде зелено светло.
Јуни, јули или октомври се месеци кои се споменуваа како период кога земјава може да добие датум за преговори.
Maкедонските власти укажуваат дека со Грција беше постигнат договор, а земјата го промени името со цел да напредува во евроинтеграциите.