Заев откри зошто нема зголемување на минималната плата
Објавено во: Економија 29 Јули, 2019
Премиерот Зоран Заев денеска откри дека нема да се зголеми минималната плата по втор пат до крајот на јули како што беше најавено. Ова се должи на тоа што во моментов се креира нова мерка, како што вели Заев, за елиминирање на појавата „кеш-плата“, односно „плата во плико“.
- Оваа мерка ќе ги стимулира работодавците бруто-платите да ги даваат во цел износ. Деловните субјекти ќе имаат олеснувања, а ќе има поголемо полнење на фондовите за пензиско и здравствено осигурување. До крајот на септември ќе биде донесена мерката. Не е донесена новата минимална плата поради овие проекции, вели Заев.
Според претседателот на Владата, државата ќе си го легализира оној дел каде што се дава кеш-плата, односно „во плико“.
Заев најави и зголемување на капитациите на стоматолозите и гинеколозите.