Заев отвора автопатишта во соседството: По српскиот, денес има покана и за косовскиот „Арбен Џафери“
Објавено во: Економија 29 Мај, 2019
Денеска доцна попладне во Косово се отвора автопатот "Арбен Џафери" кој ќе има големо влијание врз економскиот развој на приватниот сектор и поврзувањето на коридорите, а како поканет гостин е и македонскиот премиер Зоран Заев.
Овој проект има големо значење за регионот, а во меѓувреме косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека поканети на свеченото пуштање во употреба поканети се и премиери од регионот.
"Институциите во земјата се исто така информирани и ги информирав премиерите на регионот ако имаат време да ни се придружат", рече Харадинај.
Премиерот Заев претходно на 18 мај беше еден од говорниците во Владичин Хан за време на пуштањето во употреба на јужниот крак од Коридорот 10 преку Грделичката клисура преку кој од Скопје до Белград ќе може да се патува за три и пол часа.- Се радувам на секој успех на соседите. Сега уште подобро сме поврзани - рече тогаш Заев во својот говор во Србија.