Заев: По влезот во НАТО уште повеќе инвестиции
Објавено во: Економија 18 Јули, 2019
Премиерот Зоран Заев денеска на одбележувањето на почетокот на изградбата на новата странска инвестиција „Балканлар Пластик“ истакна дека очекува уште поголеми вложувања од надвор по официјалното стапување на Македонија како најнова членка на НАТО.
- Му благодарам на турскиот народ за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО. Сега се 21 земја на број. Во декември очекувам Македонија да стане официјално членка. По тоа очекувам да се засилат уште повеќе странските инвестиции во Македонија“, рече Заев денеска во ТИРЗ Скопје 1.
Балканлар Пластик ќе започне да работи со 80 работни места, а амбицијата е тие да се искачат до 300. Проекцијата на инвеститоторот е да вложи од осум до 10 милиони евра.Оваа фабрика ќе произведува пластична амбалажа за хемиска, градежна, млечна и авто индустрија
„Ние сме променета земја, која омозможува одржлив профит за инвеститорите, а за нас економски придобивки. Странските гринфилд инвестиции во Македонија се зголемени за 200 отсто“, додаде Заев.