Заев побара пратениците веднаш да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство
Објавено во: Македонија 22 Август, 2019
Премиерот Зоран Заев побара пратениците веднаш да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство, откако вчера специјалната обвинителка Катица Јанева беше притворена како осомничена во случајот „Рекет“.
Заев апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот, а од пратениците на СДСМ да ги приближат ставовите со опозицијата.
„Во вторник Собранието почнува со работа, деновите се броени и треба да ги покажеме нашите ставови преку одлуките за овој закон. Да не оставиме било каков аргумент на земјите членки кога ќе носат одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ“, изјави Заев по централниот одбор на партијата.
Тој го повика и Советот на јавни обвинители да постапи в.д. специјален обвинител и се надева дека тоа ќе го сторат за неколку дена.