23 Април, 2024
0.0272

Заев потврди: Зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ ќе се отстрани

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, потврди дека зборот бугарски ќе биде отстранет од учебници и споменици каде се споменува бугарскиот фашистички окупатор.

Тој го најави тоа како еден од чекорите напред во приближувањето кон решение за спорот со соседна Бугарија, поради што Софија го блокираше почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ).

„Никаде во светот фашистичкиот окупатор нема етничка боја. Целта е да се избрише зборот Бугарин, но тој ќе остане фашистички окупатор. Или, ако има одредени провокации кон таа нација, а не кон фашизмот, не можете да кажете дека градите добрососедство“, рече Заев.

Според него, ние не смееме да обвиниме цела нација за фашизам, исто како што не смееме да ја обвиниме германската, италијанската или јапонската нација.

„Треба да гледаме кон иднината. „Во еден дел од учебникот, наше право и обврска е да ги научиме следните генерации да го осудуваат фашизмот и да ја учат сопствената историја, која вклучува фашистичка окупација на земјата“, рече премиерот на Северна Македонија.

Според порталот „360 степени“, Заев во средата рекол дека отстранувањето на зборот фашист во книгите и спомениците што го споменуваат бугарскиот фашистички окупатор (во Втората светска војна) е едно од барањата на Софија за решавање на спорот меѓу двете соседни земји.

Тој додаде дека „голем дел од спомениците што постојат во Бугарија и Македонија треба да бидат во пријателски дух“ и дека „фашизмот не смее да има етничка димензија“.

„На некои од нашите споменици, тоа е веќе направено. „Онаму каде што стоеше бугарскиот фашистички окупатор, сега е фашистички окупатор, затоа што не можете да ја обвините целата нација дека во тоа време учествувала на Третиот рајх“, рече Заев во средата.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...