Заев пред 171-та седница на владата во Куманово: Со овие седници сме поблиску до граѓаните
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2019
Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев, пред одржувањето на редовната 171 седница на Владата во Куманово.
Вели дека од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион ги утврдат идните политики и одлуките за проекти кои може да ги реализираат општините со поддршка на централната власт.
„Во текот на денот, на седницата вечерва ѝ претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на владата“, рече Заев.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово - Св. Николе.
Министерот за здравство Венко Филипче ја посети Општата болница во Куманово за да ја промовира новата опрема во болницата и да ги договори идните активности за доопремување со апарати за најсовремени здравствени услуги за граѓаните. Министерот Филипче се сретна и со пензионерите со кои разговараше за укинувањето на квотите за лекови за да добие од прва рака информација дали мерката ги исполнува очекувањата на граѓаните.
Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, посети една локална компанија за месна индустрија како една од корисниците на ИПАРД програмата. Неговата цел беше да ги охрабри сите други мали и средни компании да продолжат да аплицираат за ИПАРД средствата.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретна со корисниците на социјална пензија од Куманово и регионот. Социјална пензија користат над 4 илјади возрасни лица во земјата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.