Заев прв го објави растот на БДП, ќе има и раст на пензиите
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев го објави кварталниот раст од 4,1 отсто на БДП во првото тромесечие од годината, пред истиот официјално да биде потврден од Народна банка и Заводот за статистика. Според тоа, Заев најави и значителен автоматски раст на пензиите.
– Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на пладне на прес конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што вкупно лани, односно од 2018 до 2019 година се вработени нови 40 илјади луѓе – рече премиерот Заев.
Растот на бруто-домашниот производ ќе биде официјално потврден во текот на денот од страна на Заводот за статистика.