20 Септември, 2020
0.0194

Заев: Прв пат во Атина слетувам со „Северна Македонија“ на владиниот авион

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Премиерот Зоран Заев во своето денешно интервју за МЕГА рече дека за прв пат слетал во Атина со името „Северна Македонија“ испишано на владиниот авион.

Ова претседателот на македонската Влада го одговори во контекст на новинарската констатација дека грчките бизнисмени не сакаат да преговараат со македонските комори затоа што во нивните имиња се уште го има старото уставно име и дека така никогаш нема да се договорат за потеклото на индустриските производи.

„Ни преостануваат уште 2 години, зошто да не најдеме решение за 3 или 4 месеци. Дојдов со владиниот авион во кој пишува Република Северна Македонија за прв пат во Атина. Имаше претходно уште еден пат на пример во Солун. Со сето ова се обидуваме да испратиме порака за пријателство. Навистина, постојат приватни тела и организации кои не треба да го менуваат своето име врз основа на договорот од Преспа“, рече Заев.

Тој заедно со владината делегација која ја предводи во Атина е гостин на бизнис-конференцијата организирана од „Економист“.

Можеби ќе ве интересира

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Родилка и бебе починале по пораѓање во ГАК

Родилка и бебе починале по пораѓање во ГАК

Министерство за здравство; Уште шестмина починати од Ковид-19

Министерство за здравство; Уште шестмина починати од Ковид-19

Приведен светиниколчанец за мачење животни по ургенција на Жерновски кај Спасовски

Приведен светиниколчанец за мачење животни по ургенција на Жерновски кај Спасовски

(ВИДЕО) МОН објави како децата ќе се враќаат в училиште од 1 октомври

(ВИДЕО) МОН објави како децата ќе се враќаат в училиште од 1 октомври

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Андреј Жерновски вели дека ќе стори се да се уапси Младен Ефремов, кој убива кучиња со своето куче

Андреј Жерновски вели дека ќе стори се да се уапси Младен Ефремов, кој убива кучиња со своето куче

„Ленка“: Нухиу не може да биде заменик-министер за правда по аферата откриена од инспекторот Илиевски

„Ленка“: Нухиу не може да биде заменик-министер за правда по аферата откриена од инспекторот Илиевски

Инспекторатот ќе истражува дали имало непрофесионализам во последните смртни случаи на млади од Ковид-19 во Македонија

Инспекторатот ќе истражува дали имало непрофесионализам во последните смртни случаи на млади од Ковид-19 во Македонија