25 Април, 2024
0.0360

Заев: Пуштен најголемиот ИПАРД-проект во истoријата во Струга

Објавено во: Економија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber


Премиерот Зоран Заев на денешното пуштање во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди со финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра.

Шефот на Владата рече дека тоа е најголемата финансиска помош од ИПАД-програмата за претприемачка идеја во историјата во Струга и дека оваа година за прв пат Македонија не враќа неискористени пари од ЕУ за бизнис-иницијативи, туку ќе бара повеќе.

„Овој период големи усилби вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24 часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакнапремиерот Заев.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања.

Директорот на платежната агенција Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД  2 програмата, се склучени  1.355 договори  по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра. 

До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од  ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани  инвестиции.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема  се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за  безбедност на храна и квалитет на производите.




Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија