Заев радосен, му покажале каде ќе биде јарболот со македонското знаме пред НАТО
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018
Го видовме местото каде треба да биде подигнато нашето знаме како 30-та членка на Алијансата. Тоа го чекаме од 2008 година, кога беше констатирано дека ги постигнавме стандардите. Оттогаш активно учествуваме на мисиите на НАТО за сузбивање на глобални терористички и ектремистички закани. Припадниците на АРМ добиваат доверба да бидат главни актери во сериозни безбедносни предизвици. Со мисиите растеа капацитетите на Армијата, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција на седиштето во НАТО во Брисел, пo неговата средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека се очекува поканата, а Македонија покажала дека се грижи за добрососедството со потпишување на договорите со Бугарија и Грција.
– Договорот со Грција го откочи нашиот прием во Алијансата и нашата земја го добива местото што го заслужува. Со Грција изградивме пријателство. Со Бугарија остваривме договор што долго се одложуваше и ќе ја продлабочи економската соработка – рече Заев.