ЗАЕВ СЕ ОБИДЕЛ ДА ДОГОВОРИ СРЕДБА СО МАКРОН: Дали се слушнале по ветото?
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019
Откако не добивме датум за преговори со Европската Унија, премиерот Зоран Заев не се слушнал со францускиот претседател, Емануел Макрон.
Ова Заев го кажа денеска на прес-конференција.
„Четрири месеци се обидувавме да го договориме средба со претседателот на Франција, Макрон, на која би се изнеле ставови за европската иднина на земјата, но не успеавме да ја договориме“, рече премиерот Зоран Заев.
Но, и покрај тоа што Франција стави вето, Заев вели дека оваа земја е пријател на Македонија и Макрон ќе биде добредојден да ја посети Македонија, како што самиот тој најави дека ќе ги посети Заев и албанскиот премиер, Еди Рама.